Младата поетеса Катарина Јовчевска по издадени три збирки поезија, го претставува својот автобиографски роман „Заробеник во сопствениот живот“.
Катарина Јовчевска е родена 1977 година во Малме, Шведска, но речиси целиот свој живот го поминува во Куманово.Беше член на Друштвото за наука, култура и уметност ,,Браќа Миладиновци“, од Струга, на Друштвото на писателите од Куманово, Клубот на книжевни творци „Симбиоза“ и на Здружението на новинарите од Куманово. Досега има објавено три збирки поезија: „Воздишки и мечти“, „Во двобој со желбите“ и „Одисеја на мислите“ и неколку заеднички збирки со разни автори. Со свои песни учествувала на неколку поетски фестивали во Македонија, но и на детски фестивали во Куманово. Младата поетеса Катарина Јовчевска не почести со уште еден нејзин авторски труд. Станува збор за автобиографскиот роман „Заробеник во сопствениот живот“.