Денешниот Премиера Хит на Радио Браво, песната “Summer Day” во изведба на англискиот пејач Tom Odell е превземен од финско-британската анимирина драмска серија Moominvalley, која пак е адаптација на The Moomins, шведски серијал на книги и стрипови на илустраторот Tove Jansson. Во серијата се користени техники на 2D и 3D анимација и истата е со најголем буџет во историјата на финската телевизија и изнесува дури 20 милиони евра.