• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Атлетски Клуб Куманово

Тренерот Филип Колевски и атлетичарите Милан Вељковиќ и Иван Тимчевски пред слушателите на Радио Браво ги презентираа резултатите на најуспешниот спортски колектив во градот, Атлетскиот Клуб Куманово.

На 24 и 25 септември  на Арената Филип II се одржа Финалето на Младинскиот Куп на Македонија, натпревар за атлетичари под 20 години. Севкупен победник и оваа година беше Куманово, додека Лирија во борба за второто место го престигна Охрид, на 4 место заврши Работнички.  Во машка конкуренција освојувачи на првите 3    места беа Куманово, Лирија и Работнички, а во  женска конкуренција Охрид, Куманово и Лирија. Инаку интересно е што Куманово освои речиси исто бодови и оваа како и минатата година 108 во споредба со 109 и е единствениот клуб што освојува троцифрен збир поени, а тоа е веќе последните 3 години по ред како го освојува Младинскиот Куп.  Имаше и два државни рекорди и тоа и двата од  членовите на АК Куманово. Иван Тимчевски со  резултат од 4:24.03 на 1500м постави нов државен  рекорд за пионери. Милан Вељковиќ со резултат од 57.91 сек. на  400м пречки постави рекорд за помлади  младинци, кој беше во сопственост на Кристијан  Ефремов, долгодишен македонски  атлетски  репрезентативец и учесник на Олимпијадата во Лондон, а воедно и оваа година на Светското првенство во сала во САД. Милан останува и во 2017 година во оваа возрасна категорија-помлади младинци и очекуваме повторно подобрување на рекордот од негова  страна. Тој минатата година постигна 9 државни рекорди и сега веќе е сопственик на двоцифрен број на рекорди.

atletski-miting

Над 350 атлетичари традиционално по четврти пат на атлетската патека во Соколана беа дел од четвртиот по ред Атлетски митинг „11 Октомври“ во организација на Атлетски клуб Куманово, а со поддршка од Општинскиот сојуз на спортови.

– Наградата им ја посветувам на сите атлетичари/ки кои ги тренирав сите овие години, на родителите, на сите кои помогнаа за целокупниот успех на атлетиката во Куманово и секако и на менторите: проф. Никола Котески со кого започнав да тренирам атлетика, кој ме насочи и мотивараше и на проф. Ванчо Поп-Петровски за стручната помош и надоградба, изјави тренерот Филип Колевски по добивањето на Ноемвриската награда на град Куманово.

© Radio Bravo - Kumanovo