• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Александар Јовановиќ, директор на ООУ „Крсте Мисирков“

ООУ „Крсте Мисирков“ утре, 15-ти ноември ќе го одбележи 70-годишниот јубилеј, односно 70 години од постоењето на Училиштето. Прославата започнува во 10 часот со положување на цвеќе пред бистата на патронот во училишниот двор. Потоа ќе се отвори и изложбата со фотографии и цртежи на учениците, пред самото одржување на свечената академија во малата училишна сала. Главната прослава ќе се одржи во салата на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, во петок, во 18 часот кога ќе се организира и свечена приредба за родителите. Празнувањто на јубилејот ќе заврши во понеделник кога во 17 часот ќе бидат доделни благодарници и дипломи на најуспешните ученици во текот на претходната учебна година.
Во продолжение следува интервјуто со директорот на ООУ „Крсте Мисирков“, Александар Јовановиќ.


Како резултат на приливот на поголем број ученици во гимназијата “Гоце Делчев“ во септември 1948 год.,од неа беа издвоени 11 паралелки со 480 ученици и дел од наставниод кадар и е формирана неполна гимназија “Крсте Мисирков“. Денес во училиштето има 45 паралелки во кои се опфатени 1.180 ученика. Образовно-воспитната работа во 45-те паралелки ја извадуваат 60 наставника. Сите се со соодветни стручни квалификации, како во одделенската, така и во предметната настава.


Сегашниот состав на наставниот кадар ветува дека нема да бидат изневерени традициите во борба за постигнување на уште повеќе успеси во процесот на формирање нa правилна личност кај сите ученици на ОУ Крсте Мисирков.

© Radio Bravo - Kumanovo