• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Александра Димитриевска од Балетското студио „Ултра“

Во сабота на 7-ми мај, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа државното првенство во модерни танци, каде со свои кореографии настапија седум клубови. Вкупно 15 први, две втори и едно трето место завршија кај Балетското студио „Ултра“ од Куманово, кои настапија со вкупно 18 кореографии. Подетално за самото натпреварување и за пласманите на натпреварувачите од Куманово, во разговорот со Александра Димитриевска, кореографот во Балетското студио „Ултра“.

ultra

 

Инаку, Државно првенство во модерни танци на Република Македонија 2016 се одржа во ВИП АРЕНА (С.Ц. Борис Трајковски) во организација на танцовите клубови Studio BREAK A LEG и Dancers United MK и беше поддржан од МАМТ – Македонската Асоцијација за Модерни Танци. Учество на натпреварот земаа над 700 танчери од 7 танцови клубови: Аква Денс, Брејк а Лег, Прима Данца, Денсерс Јунајтед, Вајб, Битрикс и Ултра. Натпреварот беше во согласност со правилата и прописите на IDO – International Dance Organization.

ultra 1

© Radio Bravo - Kumanovo