• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Државно првенство во модерни танци во Куманово

Викендов (6-ти и 7-ми мај), во Куманово, во спортската сала на Општинското средно училиште „Перо Наков“, а во организација на Балетско Студио „Ултра“ во соработка со МАМТ- Македонската Асоцијација за Модерни Танци, ќе се одржи Државно првенство во модерни танци.

За самото првенство, повеќе од разговорот токму со организаторот на настанот, Александра Димитриевска, кореограф во Балетско Студио „Ултра“.


На Државно првенство во Модерни танци на Република Македонија ќе земат учество над 1500 танчери од 17 танцови клубови , членови на МАМТ (Македонската Асоцијација за Модерни Танци) кои што  ќе се натпреваруваат за титулата –  шампион на Македонија во модерни таци. Натпреварот ќе биде во согласност со правилата и прописите на IDO – International Dance Organization. За натпреварот повеќе од разговорот со Александра Димитриевска кореограф во Балетско Студио Ултра.

© Radio Bravo - Kumanovo