• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Аматерскиот театар од Куманово со уште една премиера

Денес, во Радио Браво, Стое Додевски, Јована Додевска и Бисера Димитриевска од Аматерскиот театар од Куманово, ја најавуваат премиерата на претставата „Од опаку“.

Оваа година, „Аматерскиот театар Куманово“ пред кумановската публика се претстави со неколку претстави: Напиши нешто смешно, Ништо без Трифолио и Вејка на ветрот. Следува уште една премиера на Театарот, и тоа во недела, на 26-ти ноември, во салата на Театар Куманово, во 19 часот и 30 минути . Цена на билетот е 50 денари.


„Од опаку“ е драма напишана и режирана од Стое Додевски. Од разговорот со Додевски дознавме дека темата на „Од опаку“ е семејно насилство врз несреќната Марија и нејзината доведена ќерка Петра, од страна на мажот, односно очувот – монструм. Во претставата се вклучени 14 актери аматери, а ние помуабетивме и со: Јована Додевска која ја игра улогата на Петра и Бисера Димитриевска , која пак го игра ликот на мајката Марија.

© Radio Bravo - Kumanovo