• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Анастасија Грговска со свој солистички концерт

Во вторник, на 28-март март, во малата сала на Национална Установа Центар за Култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, со почеток во 19: 30 часот, концерт ќе одржат Анастасија Грговска (класа на проф. Марија Ѓошевска) на пијано и Динко Стипаничев (класа на проф. Велко Тодевски) кој ќе ја придружува на контрабас.


Во едночасовниот концерт ќе  бидат изведени дела од Петровски, Џовани Ботесини и Франц Шуберт.

Анастасија Грговска е родена 1995 год. во Куманово. Основното музичко образование го започнува во класата на својот татко, проф. Драган Грговски. Средното образование го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, во класата на проф. Славица Мицовска. Студент е на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Марија Ѓошевска.

Бележи учества на фестивали како Охридско лето, Есенски Музички Свечености. Настапува како солист со оркестарот при ДМБУЦ Илија Николовски – Луј, Македонската Филхармонија и Камерниот оркестар на град Перник, Бугарија. Брои многу учества и награди на државни и меѓународни натпревари.

© Radio Bravo - Kumanovo