• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Даниел Стојчевски, директор на Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“

Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ започна со акција за миење на улиците во централното градско подрачје или со т.н.  аеросолизација, доволен повод за гостувањето во Радио Браво на директорот на Претпијатието, Даниел Стојчевски.


Ваквата превентивна акција ќе продолжи и во наредниот период во вечерните часови за миење на улиците во централното градско подрачје.

Завршено е чистењето на дивата депонија на влезот во населбата „Перо Чичо“, по кој знае која пат, откако добиле поплаки од населението дека несовесни граѓани постојано ја палат. Во наредните денови ќе се чисти и депонијата на т.н. Светиниколски пат, кај веоените магацини. Исто така, засадени се садници на две локации и тоа на улица „Тоде Мендол„ и на улица 100 во населбата Карпош. Оваа акција е дел од програмата за озеленување на јавни површини и заштита на животната средина на јавното претпријатие, а засадени се вкупно 150 садници.


© Radio Bravo - Kumanovo