• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Импресии од Швајцарија

Селото Троген се наоѓа во северо-источниот дел на Швајцарија, поточно во германскиот дел од земјава. Селото Песталоци го добило името во чест на Johann Heinrich Pestalozzi кој бил педагог. Неговата мисија била да ги згрижи децата кои останале по Втората светска војна. Тамара Крстевска,Теодора Крстевска и Дарио Арсовски раскажуваат за своите импресии од таму.

„Ние оваа година бевме дел од Летнот камп. Како и секоја година имаше учесници од различни држави Русија, Молдавија, Србија и Македонија. Тоа ни помогна повеќе да се спријателиме со нив , да го запознаеме нивниот начин на живот,со нивниот јазик и култура“, изјавија нашите гости во радиото.

Теодора Крстевска додава: „Бев на медиа. Го одбрав тоа бидејќи најмногу ме интересираше и сакав да научам некои работи. Главниот ментор на групата ми беше Mariel . Таа беше доста добра и посветена на тоа што го работи се разбира и нас најмногу не научи на многу работи ни овозможи да имаме интервју со познати личности, да го запознаеме животот на многу луќе. Но исто така и најважното од се е што неколку пати ни овозможи да зборуваме на радио во живо да почусвувавме возбуда и привилегираност  зад микрофонот и да се изразиме како вистински новинари. Ние самите се подготувавме за тоа, но се разбира секако со нејзина помош. Сето ова за мене беше многу големо искуство и можеби најубавото. Бидејќи се запознав со многу деца кои никогаш нема да ги заборавам“.

detsko-selo-2

Тамара Крстевска одбрала да научи повеќе за миграција и раскажува: „Главниот лидер или поточно кажано мојот ментор беше Pascal Haltiner тој е од Швајцарија,а неговиот помошник беше од Србија Денис. Првиот ден кога дојдовме веднаш за да  полесно се запознаеме ни дадоа лист да го залепиме на грбот и да им пишуваме што мислиме за нив прв пат кога сме ги виделе,каков впечаток ни оставил секој од нив.Тој ден имавме и настава во природа при што имавме право да зборуваме со секој од нив и да се запознаеме подобро.Мислам дека од сите други активности на кои беа другите деца јас бев на една од најубавите активности бидејќи Паскал и Денис беа најпозитивните и најдобрите ментори“.

detsko-selo-1

Дарио Арсовски за своето искуство од Швајцарија вели: „На работилницата за интеркултурна размена научивме доста интересни факти за различните култури. Преку интересни игри и дискусии научивме многу за подалечните култури, како тајванската, индијската и кинеската. Секоја година за време на летниот камп се одржува Summer fest на кој доаѓаат посетитиели од селото и пошироко. За нивната забава покрај локално познатиот бенд бевме задолжени и ние учесниците во кампот.. Покрај тоа имавме време да пробаме и традиционална храна од различна кујна како јапонска, индинска, кинеска, турска , швајцарска и др. Оваа беше едно прекрасно искуство за нас кое никогас не би го заборавиле“.

detsko-selo-3

И за крај заедно констатираа: „Топло им препорачуваме на идните генерации да ги искусат убавините на Швајцарија учествувајќи во ваков проект кој пружа можност за неформално образование, нови пријателства и забава“.

© Radio Bravo - Kumanovo