• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

ПЗУ Д-р Бато со нова понуда – ДТС (декомпресивна терапија на рбетот)

ПЗУ Д-р Бато специјалистичка ординација по физикална медицина и рехабилитација од Куманово работи повеќе од 20 години. Тимот е предводен од искусен специјалист по физикална медицина и рехабилитација. Низ просториите на ординацијата се поминати преку 12 000 пациенти. ПЗУ Д-р Бато е позната во нашата средина како успешен тим кој го подигнал стандардот на лекување и рехабилитација, како и односот кон пациентите на европско ниво. Освен класична физикална медицина, таа е единствена ординација каде се спроведуваат специфицирани услуги од мануелна вертебротерапија (хиропрактика) т.е. местење на рбетниот столб. Се работи и акупунктура на локомоторниот систем. Најновата понуда во ПЗУ Д-р Бато е ДТС (декомпресивна терапија на рбетот), најсовремена метода на неоперативно лекување на разни видови на крстоболки и ишиалгии која на Запад, посебно во САД последните 15 години има голема експанзија на примена со што се избегнува операција на рбетот.

dr-bato3

ДТС (декомпресивна терапија на рбетот) се работи со помош на специјални компјутеризирани столови кои имаат за цел благо да го истегнуваат и да го враќаат `рбетниот столб создавајќи негативен притисок во самиот центар на дискот со што се постигнува вакуум ефект и враќање на испупчениот материјал назад. Со вакуум ефектот се постигнуваат две работи: механичкото оштетување, кое се појавува како испупчување надвор од границите на дискот, може да се повлече внатре во дискот по пат на вакуумот. Исто така, вакуумот поттикнува проток на крв и зарастување на дискот на местото на оштетувањето. Тоа резултира со намалување на болката во вратниот дел на `рбетот. Успешноста на решавањето на цервикалната дискус хернија со примена на овој метод е 95%.

dr-bato2

ПЗУ Д-р Бато се наоѓа на булевар Октомвриска револуција К-5, спроти супермаркет Туш, со работно време од понеделник до петок од 7:00 до 18:00 часот. Телефон за закажување или за потребни дополнителни информации е 031/412-248.

© Radio Bravo - Kumanovo