• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Промоција на „Последната книга на планетата Земја“ од Филип Петровски

Пред утрешната промоција  на книгата „Последната книга на планетата Земја“ во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од 19 часот, денеска во Радио Браво гостин е…авторот, Филип Петровски.


Филип Петровски е роден 1993 г. во Куманово. Дипломиран фаготист на ФМУ во Скопје. Зад себе го има своето прво психолошко спиритуално книжевно дело „Светот во Световите”. Книгата е плод на неговата духовна и психичка созреаност. Рецезент е на неколку книжевни дела и е промотор на истите. Зема учество во многу музички манифестации и има бројни награди во областа на музиката како професионален музички уметник.
Дали ќе преживееме на планетата Земја во блиска иднина?
Ќе се уништиме ли самите себе како влог за нов живот таму горе?
Дали Матка е само подземна пештера или таму се кријат светски тајни?
Љубовта за подобро утро згаснува во последните денови на планетата Земја,
можеби за еден ден да воскресне уште посилна во новите вечности.
Вирусот е пуштен и никого не чека…
Дали главниот лик ќе го издржи интензитетот на авантурата што постои?
Книга за преживувањето, за опстанокот. Книга за човековиот избор. Книга која не упатува на човекот во човекот.

Авторот Филип Петровски е човек кој успеал да го разбуди, негува и користи својот внатрешен глас. Во потрага по чистата душа тој со леснотија и вештина на искусен истражувач не води низ лавиринтите на нашата душа следејќи го нејзиниот импулс кој воедно е врска со нашето Битие. Од „Светот во световите” преку „Последната книга на планетата Земја” го следиме патот на индивидуацијата (внатрешен развој на човекот) кој ја поврзува земската со духовната димензија. Преживувањето е основа и темел на тој пат.


„Последната книга на планетата Земја“ од Филип Петровски ќе го промовира Горан Стевчевски-Џина, а манифестацијата ќе ја води Љубиша Петровски.

© Radio Bravo - Kumanovo