• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Концерт и снимање албум во живо на Филип Стевановски Бенд

Интервју со професор Филип Стевановски, фронтмен на jazz составот Филип Стевановски Бенд, во Радио Браво пред нивниот Пролетен jazz концерт и истовремено снимање на снимањето на новиот албум кој треба да изелезе во јуни 2019-та година.Место и време на настанот e Занаетчиски дом во Куманово, со почеток во 20 часот, а влезот е бесплатен.



Филип Стевановски: „„Драги пријатели огромна чест ни е да Ве поканиме на еден поинаков џез концерт во Куманово. На 24. април во Занаетчиски дом Куманово ќе се одржи “ПРОЛЕТЕН ЏЕЗ КОНЦЕРТ” на Филип Стевановски бенд, а воедно Вие како гости ќе бидете дел од снимањето на новиот џез албум на Филип Стевановски бенд кој треба да изелезе во јуни 2019 година“.


На овој концерт ќе можете да слушнете нов музички материјал од бендот, а воедно и да ја доживеете енергијата на самиот бенд, а сето тоа ќе биде професионално снимано и продуцирано за да излезе еден прекрасен аудио музички запис.
Бидете дел од ова поинакво случување на 24 април во Занаетчиски дом Куманово, со почеток во 20 часот.

© Radio Bravo - Kumanovo