• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Hangout Music Festival

Пред самиот почеток на Hangout Music Festival, во Радио Браво интервју со Марјан Стевановски, директор и Филип Стевановски, уметнички директор на Фестивалот.


„Институт за наука уметност култура и спот” и The Yard Lounge Bar се организатори на фестивалот„Hangout Music Festival”, кој ќе се одржи на 14-ти и 15-ти септември. На Фестивалот ќе настапат џез музичари и поп-рок бендови од Македонија и Србија. Првата вечер, 14-ти септември, на интернационалниот Џез Фестувал, ќе настапат: Фирс и Кабадајас од Македонија, Висар Гучи од Косово, Дром од Грција и Васил Хаџиманов Бенд од Србија. Втората фестивалска вечер ќе биде во знакот на поп и рок музиката, а свој настап ќе имаат: Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд, Нокаут, ДНК и гостите од Србија, рок групата Ван Гог.

Организирани се и спортски манифестации,  како што е баскет 3х3 и натпревар во шутирање тројки. Победниците ќе бидат наградени, а целиот фонд од учеството во баскет турнирот, ќе биде дониран за потребите на децата од спортските клубови во Куманово. Сите спортски натпревари ќе се одржат во утринските и попладневните часови.

Билетите се пуштени во продажба преку продажните мрежи на mktickets.mk, karti.com.mk, како и во „The Yard Lounge Bar“ и „Виртуал М“ по цена од 500 денари за партер и 1.000 денари ВИП билет. Цената на билетот е за двата фестивалски вечери.

© Radio Bravo - Kumanovo