• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Христина Петровска, Лидер на клуб на млади при Општинската Организација на Црвен Крст, Куманово

Четириесетина волонтери од општинските организации на Црвениот крст од Куманово, Крива Паланка и Велес учествуваа на традиционалниот летен камп кој се одржа во Кокино, од трети до седми јули, во организација на кумановскиот Црвен крст. Волонтерите се обучуваа на повеќе теми: запознавање на младите со активностите на Црвениот крст, социјално- хуманитарна дејност, здравствено – превентивна дејност, ХИВ – СИДА и комуникација и говорништво.

Христина Петровска, Лидер на клуб на млади при Општинската Организација на Црвен Крст, Куманово, зборува за кампот.


На 20-ти јули, ,од 9 до 14 часот, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи вонредна летна крводарителска акција со цел зголемување на бројот на крвните единици кои во овој, летен период се намалени. Во разговорот,  Христина Петровска го најавиви Проектот за промоција на хумани вредности ПХВ кој ќе започне да се реализира од септември.

© Radio Bravo - Kumanovo