• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Сашо Поповски, директор на Jazz Factory Festival

Преку телефонскиот разговор со директорот на Фестивалот, Сашо Поповски, Радио Браво ви го претставува и најавува второто издание на Jazz Factory Festival кој ќе се одржи на 18,19 и 20 април во Народниот театар во Битола.


Сашо Поповски, директор на Jazz Factory Festival: „Како главна ѕвезда на фестивалот ќе биде Теодосиј Спасов,  виртуоз на кавал кој е способен да интерпретира фолк мелодии на сопствен начин. Заедно со него ќе настапи и Тони Китановски, композитор кој свири на гитара со десет годишен престој во Бостон. На фестивалот ќе настапи и Виктор Филиповски кој е музичар од најмладата скопска креативна џез сцена. Ќе настапат и Кабадајас чиј музички жанр е мешавина од традиционалните мелодични и ритмички изрази од Македонија. Тука е и Ѓоле Грујовски, гитарист аранжер едукатор кој низ својот музички пат создал и создава импресивна и иновативна музика. На фестивалот ќе биде присутна и Лина Авшар,  ѕвезда која се раѓа, позната по нејзиниот моќен, а сепак мазен глас, како и по нејзините интерпретации на фанк соул џез стандарди, и современа популарна музика. Тука се и Скопје Џез Инк, група музичари, добро познати на домашната и меѓународната џез сцена. Свој настап ќе имаат и Моли троли, група чие име е по фраза која големиот Лестер Јанг ја користи во неговиот сленг како жаргон за музички тест“.


ПРОГРАМА
Главна програма

Теодосиј Спасов, Тони Китановски, Виктор Филиповски

19 Април, 20ч, НУ Народен Театар Битола

Џоле Грујовски Квартет

20 Април, 20ч, НУ Народен Театар Битола

Кабадајас

20 Април, 21ч, НУ Народен Театар Битола

Странична програма

Молли Тролли Квартет

18 Април, 22ч, Камарите

Скопје Џез Инк.

19 Април, 22ч, Порта Џез

Лина Авшар

20 Април, 22ч, Камарите

Работилница

Џез фестивали – организација – вмрежување – мобилност на артисти.

20 Април, 14ч, НУ Народен Театар Битола

Винко Михајлович – Петровац Џез Фестивал – Р.Црна Гора
Драган Влајнич – Кикинда Џез Фестивал – Р. Србија
Ирена Благојевич – Џез музичар Белград – Р.Србија
Сашо Поповски – Џез Фабрика Фестивал – Битола
Бојан Стефковски – Џез Фортнајт Фестивал – Џез издавач Скопје
Гордана Настевска-Манасијеска Акаша Букинг Агенција Скопје
Тодор Ивановски – Центар за културна деконтаминација Битола

© Radio Bravo - Kumanovo