• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Јусуф Љатифи, претседател на „Кумановски акцијаши“

Јусуф  Љатифи претседател на здружението за доброволна, волонтерска работа „Кумановски акцијаши“ како гостин во Радио Браво посочи на небрижноста на кумановчани за хигиената, но и за волонтерското чистење на градот.

Во разговорот кој во целост можете да слушнете и погледнете подолу со кликање на плеерите, Јусуф  Љатифи го најави и кампот „Меѓународен ударнички викенд“ кој започнува на 30 јуни и ќе трае три дена. На кампот ќе пристигнат околу 1300 гости од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.


Акцијаши и волонтери од земјава и странство ќе ги чистат реките Липковка, Коњарка и Кумановка од натрупаниот смет што го фрлаат жителите. Големата еколошка акцијата „Зелено Куманово“ ја организира Здружението за доброволна волонтерска работа „Кумановски акцијаши“, со финансиска подршка од 160.000 денари од Цивика Мобилитас, а во соработка со Општина Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“. Акцијата започна на Градскиот кеј, а ќе продолжи на останатите локации, секој викенд, до 30 септември. Проектот предвидува сечење и отстранување на зараснатите дрвја и грмушки во коритата и крајбрежјето на реките со механизација, чистење и изнесување на сметот, од вливот во населбата Бедиње до излезот кај Кумановска бања. Во рамки на проектот е предвидена и обнова на клупите во Стариот градски парк кај Автобуската станица и на Градскиот кеј.

© Radio Bravo - Kumanovo