• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Тимот на ООУ Крсте Мисирков ќе учествува на Светско атлетско првенство

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: Atletika not found

Во годината кога Куманово е прогласен за „Европски град на спортот“, ООУ „Крсте Мисирков“ ќе биде единствен претставник од нашата општина и државата на Светското првенство во атлетика кое од 13-ти до 19-ти мај ќе се оддржи во Сплит – Р. Хрватска. Пред заминувањето во Сплит, гости во Радио Браво се: Александар Јовановиќ, директор и Југослав Спасиќ, заменик директор. Во продолжение, слушнете го разговорот со двајцата дипломирани професори по спорт и активисти за развој на училишниот спорт во општина Куманово.


Југослав Спасиќ: „Атлетиката спортските падагози ја нарекуваат и кралица на спортовите, бидејќи во богатата човекова историја таа се појавува како прво стебло на кое се калемат сите други спортови и спортски дициплини. Има долга и богата историја во меѓународниот училишен спорт. Таа е организирана како Светско првенство и е вклучена во училишните летни игри (летна гимназијада) како задолжителен спорт. Првиот Светски шампионат во атлетика е организиран во далечната 1973 година. Извршниот комитет (ЕК) на Меѓународната училишна спортска федерација (ИСФ) му ја довери организацијата на 23то училишно Светско атлетско првенство на градот Сплит, Р. Хрватска. Тоа претставува екипно натпреварување во атлетика во машка категорија, за ученици родени од 2001 до 2004 година, со минимум 6 членови, поделени во неколку дисциплини и тоа: скокачки дисциплини (скок во далечина и скок во височина), фрлачки дисциплини (фрлање ѓуле), тркачки дисциплини на кратки и средни патеки и штафета. Вкупно се пријавени 33 земји учесници, како од Европа така и од прекуокеанските земји“.


Александар Јовановиќ: Нашата делегација ја сочинуваат десет члена, од кои шест натпреварувачи, еден тренер и еден помошник тренер, медицинско лице и јас директор, како водич или шеф на делегацијата. Нашите ученици: Давид Димевски, Александар Вељковиќ, Иван Видановиќ, Теофил Соневски, Матеј Митровски и Данило Павловиќ ќе ги одмерат силите со најдобрите младински светски атлетичари. Очекуваме достоинствено да го претставиме нашето училиште, општината и нашата држава. Одиме во конкуренција со најспортските атлетски нации и оваа ќе претставува едно огромно искуство за нашите ученици. Секако ќе се сложите со мене дека сонот на секој спортист е да настапува на Светско првенство. Ја користам оваа прилика јавно да им се заблагодарам во мое лично име и во името на учениците и вработените од нашиот колектив на сите оние кои со своите донации ни овозможија да бидеме во друштво на најдобрите.


© Radio Bravo - Kumanovo