• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Изложба на народни носии на КУД Карпош

Во сабота, 10-ти септември во ТЦ СУМА, КУД Карпош на своите сограѓани ќе им приреди целодневен медиумски настан, концерт и изложба на народни носии. Повеќе за настанот од разговорот со членовите на Друштвото, Дарко Петковски и Данијела Димитриевиќ.

КУД Карпош ве поканува на изложба на народни носии во ТЦ ”Сума”.Тие веќе одамна ја имаа оваа желба да огранизираат ваков настан бидејќи во нашиот град оваа е нешто сосема ново. Заедно со менаџерката на ТЦ СУМА, г-ѓа Оле и г-ѓа Фроси од Хримат Балони се реализира идејата за изложбата. Изложбата ке започне околу 14:00 часот и ке трае се до вечерните часови, а околу 17:00 часот е оној најубавиот дел каде што играорците на КУД Карпош ке го претстават само дел од нивниот репертоар. Тоа е сосема ново за нив бидејќи до сега немаат настапувано по центарот на градот, па така луѓето ќе можат да видат што имаат изработено за овој краток период од шест години.

kud-karpos

На изложбата ќе има околу дваесет носии од сите делови на Република Македонија. Исто така ке може и да се види приборот со кој луѓето се служеле во минатото како што се трпеза, кудеља, вретено и други.
И како за крај ги повикуме сите граѓани кои се во можност и имаат слободно време и желба да бидат таму на овој убав настан.

© Radio Bravo - Kumanovo