• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Литературни награди за учениците од основните и средните училишта

На 15 ноември (вторник во мала та сала на Центарот за Култура „Трајко Прокопиев“со почеток во 18:30 часот ќе се одржи „Поетско музичка вечер“ во организација на „Здружение на граѓани друштво на писатели Куманово“. Вечерта се организира по повод наградените ученици од основните и средните училишта кои беа наградени на конкурсот што во септември годинава го распиша  „Здружение на граѓани друштво на писатели Куманово“. Темите на кои твореа основците беа „Родители мои каде сте“ и „Емоција што ме инспирира“, а средношколците се испробаа на темите „Со кого душата да си ја споделам“и „Мобилниот и јас, неразделни пријатели“.

Божа Трајковска претседателка на „Здружение на граѓани друштво на писатели Куманово“ни ги соопшти наградените за кои истакна дека поради многу големата конкуренција ,жири комисијата имала исклучиво тешка задача за да ги одбере најдобрите творби.

Наградени ученици од основните општински училишта се:

Прва награда:

1)Матеа Зафировска VII-4 ООУ „Браќа Миладиновци“

2)Георгина Стојмановска VII- в  ООУ  „Крсте Мисирков“

3)Марија Тасевска IX-2 ООУ  „Кочо Рацин“

Втора награда:

1)Михаела Младеновска VI-а  ООУ  „Христијан Карпош“

2)Леонид Петковски IV- б  ООУ „11 Октомври“

Трета награда:

1)Меланија Лазаревска VII -6  ООУ  „Браќа Миладиновци“,село Пчиња

2)Сара кипријановска VII  ООУ „Толи Зордумис“

Наградени ученици од средните општински училишта се:

Прва награда:

1)Јована Андоновска II -8 СОУ „Гоце Делчев“

2)Леона Живиќ гимназија СОУ „Гоце Делчев“

3) Леона Лазаревска III -1 СОУ „Гоце Делчев“

Втора награда:

1)Ристовска Наталија  IV-6 СОУ „Гоце Делчев“

2)Јована Јордановска III-4 СОУ „Перо Наков“

Трета награда:

1)Анастасија Спировска III-8 СОУ „Перо Наков“

2)Ана Љубиќ СОУ  „Наце Буѓони“

На наградените ќе им бидат врачени дипломи и книги , а вечерта ќе биде исполнета со читање поезија и музички точки кои ќе ги изведат учениците од музичкото училиште Панче Пешев.

© Radio Bravo - Kumanovo