• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Промоција на „По тебе луд“ на Марио Арангеловски


На 17-от ин­тер­на­ци­о­на­лен фес­ти­вал “Ев­ро­фест 2013”, кој се одр­жa на 2 но­ем­ври, во са­ла­та на До­мот на АРМ во Скопје забележителен настап имаше и нашиот сограѓанин Марио Арангеловски. На Фестивалот учествуваа пејачи од Тур­ци­ја, Гр­ци­ја, Азер­беј­џан, Ср­би­ја, Сло­ве­ни­ја, Бу­га­ри­ја, Хр­ват­ска, Цр­на Го­ра, Ал­ба­ни­ја и од Ма­ке­до­ни­ја. “Ев­ро­фест” се емитуваше на те­ле­ви­зи­ја “Сон­це”, а од­ло­же­но и на РТВ “Бе­ла­ми” од Ниш, ко­ја ја пок­ри­ва це­ла Ср­би­ја, ка­ко и на две бу­гар­ски те­ле­ви­зии. Импресиите од фестивалот, Марио ги подели со слушателите на Радио Браво.
Промоција на „По тебе луд“ на Марио Арангеловски

Марио Арангеловски кој ни е познат од ТВ шоуто „Сите наши песни“, настапи со песната „По тебе луд“ со која што ја освои третата награда од стручното жири.
Слушнете ја песната „По тебе луд“…Марио Арангеловски – По тебе луд

ВИДЕО од настапот на Марио Арангеловски на ТВ шоуто „Сите наши песни“ на Македонскиот национален сервис.
Марио Арангеловски во Сите наши песни

© Radio Bravo - Kumanovo