• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Марио Арангеловски со промоција на „Само дај ми“

По исфрлање на неколку свои песни во етерот на музичката сцена, Марио Арангеловски напаѓа со нов сингл„Само дај ми“ за чија музика се погрижи Слободан Величковиќ-Цобе.Многумина што ја слушнаа песната прокоментираа дека се очекува летово да биде хит. Што вели Марио и што очекува ќе слушнеме од разговорот.

 

Инаку Марио е студент по социологија кој успешно се снаоѓа во студиите за кои истакна дека малку стагнирал со испитите заради неговиот престој во куќата во која беше седумдесетина дена  изолиран од надворешниот свет. Марио учествуваше во реалното шоу „На иста адреса“ кое се емитуваше на Алфа телевизија и не го дочека својот крај од сто дена, бидејќи шоуто поради некои причини беше прекинато. Во нашиот разговор Марио открива  за престојот во куќата и говори за своите идни планови и музички проекти.

Во продолжение, слушнете ја и песната која Марио Арангеловски ја промовираше во Радио Браво, насловена како „Само дај ми“, а е во соработка со Слободан Величковиќ – Цобе.

© Radio Bravo - Kumanovo