• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Ненад Краљевски, тренер на ЖРК Куманово

Ненад Краљевски е новиот тренер на Женскиот ракометен клуб Куманово кој во моментов е најуспешен клуб од Куманово во екипните спортови. Со оглед дека тој е ново име во македонскиот ракомет, Радио Браво преку интервју со Ненад Краљевски, ќе го претстави тренерот под чие водство се очекува екипата да постигне врвни резултати во македонскиот ракомет.
Следува интервјуто со Ненад Краљевски:


Ненад Крањевски:
– Мојот татко е со потекло од Куманово и тука имам многу браќа и сестри. За жал, имав и чичковци и тетки кои се поминаа, така да од тоа семејство остана само мојот татко. Тука доаѓав како дете, се играв и дружев, дури и го служев воениот рок во 1990-та година.
– Со дел од управата на ЖРК Куманово се запознавме на еден меѓународен турнир кој се играше во Смедерево и тука ги направивме првите контакти кои резултираа со тоа денес да сум тука, во ЖРК Куманово.
– Имам завршено студии за ракометен тренер, а од 2016-та година сум и master coach (завршени магистерски студии). Како тренер работам од 1994-та година и онаа што ја одбележа мојата кариера е работата со млади играчи, но и со сениорски екипи од Супер лигата на Србија. Бев четири години тренер во Црна Гора, потоа во Босна и Херцеговина, а во Србија најзабележителен успех постигнав како тренер на Црвена Ѕвезда со која како прв тренер во 2008-та година ја освоив шампионската титула. Во Белград имам свој клуб (РК Јуниор) кој функционира веќе 15 години, а во него членуваат момчиња и девојчиња на возраст од 8 до 20 години и во женска конкуренција се натпреваруваме во највисокиот ранг на натпреварување во Србија (Супер лига – жени).
– Задоволен сум со залагањето на девојките во ЖРК Куманово и покрај повредите што се случиле пред моето доаѓање. Клубот има квалитет, знам дека имаме репрезентативки и во младинска и во сениорска конкуренција. Ќе се бориме да ги освоиме и купот и првенството иако имаме малку време за работа, времето не ни е сојузник., но со добра и квалитетна работа можеме да ги оствариме двете цели.


© Radio Bravo - Kumanovo