• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

ОК СВСК Куманово е освојувач на македонскиот куп, Денис Вујадиновиќ во Радио Браво

Кумановските одбојкарки го донесоа првиот тимски државен трофеј во Куманово, по 1993-та година во која Ракометнот клуб Шевро Куманово го освои Купот на Македонија. Претседателот и тренерот на тимот, Денис Вујадиновиќ е гост во студиото на Радио Браво.

Интервјуто со Денис Вујадиновиќ, можете да го преслушате со кликање на плеерот подолу. Честитки за нашите одбојкарки.


Во финалниот меч кој се играше во салата на средното училиште „Димитар Влахов“ во Струмица, екипата на ОК СВСК Куманово со 3-1 во сетови го победи тимот на Јанта Волеј. Одбојкарите на двете екипи беа крајно мотивирани, така и влегоа во дуелот за пехарот, А првата позначајна предност ја оствари екипата на Јанта Волеј која поведе со 11-7. Михајловска имаше доста поени во серија по кои кумановскиот тим направи пресврт. Поведе со 23-19, а потоа со две одбрани го реши првиот сет во своја корист. По почетните и израмнети уводни минути на стартот (6-6), во продолжението на вториот сет беа забележани доста грешки во играта на тимот на Јанта Волеј. А противникот тоа знаеше да го искористи, и да направи сигурна позитива, кој на крај резултираше конечни (25:14) и водствот од 2-0 во сетови. Бранителот на титулата се „тргна“ во третиот сет, кога со одлична серија во втората половина од тој дел од играта дојде до (25:19), да намали на (2-1) и да остане во игра. Но тоа беше се од нив, затоа штo одбојкарките од Куманово доминираа во четвртиот сет и со убедливи (25:16) заслужено славеа победа и прв одбојкарски трофеј во историјата.

Инаку,  ОК СВСК Куманово и ОК Јанта Волеј ќе се борат и за шампионскиот трофеј во домашниот шампионат во кој финалната серија започна синоќа и ќе се игра до три добиени меча. Предноста на домашниот терен ја има екипата на ОК Јанта Волеј.

© Radio Bravo - Kumanovo