• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

„Ревизор“ – нова премиера на Театар Куманово

Горан Илиќ и Мартин Манев, актери кои се во главните ролји на најновата премиера на кумановскиот театар, „Ревизор“, се гости во Радио Браво. Интервјуто со нив можете да го слушнете со кликање на плеерот подолу…

Revizor 1 „Ревизор“ според текст на Николај Васиљевич Гогољ, а во режија на Андреј Цветановски е новата премиера за сезона 2016 година на НУЦК. „Трајко Прокопиев“- Театар Куманово. Премиерата на претставата е во среда, 27 април, во 20.00 часот, а утредента, четврток можете да ја проследите првата реприза. „Ревизор’ зборува за малограѓанството не како географска одредница ами како состојба на духот. Зборува за стравот од нешто повисоко, за лесноумноста и на државата и на луѓето кои се поставени од неа да воспостават ред и мир. Гротеска за односот на граѓаните кон власта и нивниот страв кој ја става власта на пиедестал на божество, кое не секогаш се однесува така.
Revizor 2
Во претставата играат: Горан Илиќ, Кети Дончевска – Илиќ, Александра Михајловска, Мартин Лазаревски, Мирослав Петковиќ, Марко Трајковиќ, Владо Дојчиноски, Милош Стојковиќ, Никола Наковски, Мартин Манев, Горан Ников.
Сценограф е Сергеј Светозарев, костимограф Александар Рашковиќ, композитор Димитар Андоновски и драматург Зоран Зафировски.

© Radio Bravo - Kumanovo