• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Фото изложба „Жените и фотографијата 2018″, Сандра Трајковска

Фото клуб Куманово во соработка со НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев” – Куманово и оваа година, традиционално, по петти пат, ќе ја претстави изложбата на уметничката фотографија „Жените и фотографијата 2018″, по повод 8-ми март, Светскиот ден на жената.

За самата изложба говори Сандра Трајковска, членка на Фото клуб Куманово…


Повикот за учество на петата по ред изложба на уметничка фотографија ,,Жените и фотографијата 2018″, беше упатен до сите фотографски клубови ширум Република Македонија. На повикот се пријавија над 30 фотографки и беа разгледани над 140 фотографии. Раководејќи се со паролата ,,Жените-фотографи и нивната можност за слободно изразување преку фотографијата, откривањето на себе си и светот околу нив”, селекторот на изложбата, Фросина Јовановска издвои 60 уметнички фотографии.


© Radio Bravo - Kumanovo