• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Сандра Трајковска за претстојниот “Малински Фото Фестивал”

Првиот фестивал на фотографија одржан во Македонија, “Малински Фото Фестивал”, по четврти пат ќе се одржи викендов во Куманово.

Во пресрет на изложбата, во Радио Браво е Сандра Трајковска, член на Фото Клуб Куманово, кој е и организатор на изложбата.


Свеченото отварање ќе се одржи во просториите на Фото Клуб Куманово, со почеток во 19:00 часот. Оваа година посетителите ќе имаат можност да видат дури 500 изложбени фотографии на автори од целиот свет кои премиерно ќе ги представат на фото фестивалот.
Во програмата се застапени предавања, самостојни изложби на познати фотографи, клубски изложби, интернационална меѓуклупска изложба, проекции на фотографии од афирмирани фотографи и фото-сафари.
Програмата на овогодинешниот фестивал ќе биде проследена со две предавања од страна на Драгослав Мирковиќ и Зоран Ѓорѓевиќ, меѓуклупска изложба “Круг”, клупска изложба на ФК Куманово, “Тумба”, како и на ФКК Битола и MOF од Турција, самостојна изложба на Бојан Петровиќ – Бокац, Драгослав Мирковиќ и Душко Јовановски. Исто така на фестивалот со свои фото проекции ќе се претстават и Владимир Јовановски, Марина Крстиќ, Боб Дивајн, Горан Којадиновиќ, Бурак Сенбак, Томас Окониевски, проекција на фотографии на клупска изложба на IRAN P.A.F и како и многу други активности.

© Radio Bravo - Kumanovo