• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Сара Андреевска е најдобра на државната матура


Тројцата матуранти кои се најдобри по македонски и албански јазик на ниво на цела држава, според податоците кои ги добивме од Државниот испитен центар, Александра Ристовска, Сара Андреевска и Фјола Ахмети имаат голема причина да се чувствуваат горди.

Сара е матурантка од Кумановската гимназија со најдобaр резултат по мајчиниот јазик. Tаа очекувала позитивни резултати со оглед на тоа дека се подготвила добро за матурата, но била изненадена од високиот просек. Таа ги сака јазиците, па затоа и одбрала јазично-уметничка насока во гимназијата. Но, подеднакво ја сака и математиката. Вели дека за успех на матурата е заслужно учењето.

Сара го сака македонскиот јазик посебно делот од литературата. Ги има прочитано делата кои и беа задолжителни, но и покрај тоа вели дека чита и дела од слободна литература.

Сепак не го занемарува ни делот од граматиката за кој смета дека е многу важен.За стекнатото знаење и љубов кон овој предмет упати огромна благодарност до професорката по македонски јазик Лидија Тасевска.

Сара своето образование ќе го продолжи на некој од нашите факултети, но се уште не одлучила каде ќе аплицира.

© Radio Bravo - Kumanovo