• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Симона Тоскиќ, продуцент и драматург во Театар Куманово

Симона Тоскиќ, од кумановскиот театар, во само неколку минути, ве запознава со културните настани што ги организира НУЦК „Трајко Прокопиев“, а што следуваат во следните десетина денови.

Вo четврток, со почеток во 20 часот, во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе се отвори изложба на цртежи со наслов „Омаж за тебе“ од авторката Валентина Илијевска.

Во сабота, во големата сала на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“, во  20 часот  гостува Театар Призор од Белград со урнебесната комедија “Ријалити обрчун“.

На 2-ри октомври започнува фестивалот „Денови на комедија“.


Валентина Илијевска е родена во Скопје 1987. Завршила средно образование во ДСУПУ „Лазар Личеноски“ – Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) – Скопје – Оддел графика и графички техники во класата на проф. Мирко Вујисиќ со насока – конзервација и реставрација кај проф. Невенка Величковска и проф. Момчило Трајковски. Магистрира на постдипломски студии на Одделот конзервација и реставрација на ѕидно сликарство, на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, во класа на проф. м-р Благоја Кузмановски. Учествува на многубројни самостојни, меѓународни групни изложби и ликовни колонии во периодот 2009-2017.

Во комедијата “Ријалити обрчун“ настапуваат: познатиот Иван Бекјарев, потоа, Данина Јефтиќ иИгор Дамњановиќ. Цената на билетот е 200 денари и веќе се достапни на билатерницата на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“.

На јубилејното, 20-то издание на фестивалот „Денови на комедија“, љубителите на комедијата ќе имаат можност, започнувајќи од 2-ри октомври, да проследат 15 претстави. И оваа година фестивалот има ревијален карактер.


© Radio Bravo - Kumanovo