• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Трето Полувреме


Скопје ќе биде во фокусот на светската фудбалска јавност во 2017 година. УЕФА реши во главниот град на Македонија да се одржи Супер купот, престижен натпревар меѓу победникот на Лигата на шампионите и најдобриот во Европа-лигата за таа година. Средбата ќе се игра во Арената Филип Втори, која има капацитет од 33 460 седишта. За Скопје организацијата на Супер купот е можност за поширока меѓународна афирмација, а за македонскиот фудбал шанса за позначаен поттик за квантитативен и квалитативен напредок.

УЕФА Супер куп во Скопје

© Radio Bravo - Kumanovo