• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

25 Години на Балетското студио “Ултра”

Невена Фуруновиќ, тренер и кореограф по хип-хоп, Сара Тасевска и Ива Ивановска, членки на Балетско студио “Ултра” се гостинки во Радио Браво по повод 25 – годишнината од основањето на Студиото.

Како нов а воедно и најважен проект на Балетското студио “Ултра” е Јубилејниот концерт кој ке се одржи на 27-ми мај 20:00 часот, во Центарот за култура “Трајко Прокопиев”, на кој можат да се погледнат кореографиите кои успешно се котирале на самите натпревари, а воедно свечано да се обележи самото 25-годишно постоење.

Балетско студио “Ултра” постои 25 години. Низа години наназад па се до денес балетско студио е здобиено и разубавено со многу државни, европски и светски признаени награди,  благодарение на креативниот тим (менторите) и секако на членовите. Како нов а воедно и најважен проект на студиото е Јубилејниот концерт кој ке се одржи на 27-ми мај 20:00 часот, во Центарот за култура “Трајко Прокопиев”, на кој можат да се погледнат кореографиите кои успешно се котирале на самите натпревари, и воедно свечано да се обележи самото 25-годишно постоење. На настанот ве очекува многу забава, гости од други клубови и постари членови на “Ултра” кои ке бидат во првите редови.

Во Сараево на “InterDancefest” студиото се закити со: четиринаесет први места, три втори места ,едно трето, две четврти и едно пето  место. Натпреварот беше организиран под IDO федерација. Оваа година, Балетско студио “Ултра” беше организатор на државно првенство во танци кое се оддржа на седми мај. Вредната и напорната работа на членовите резултираше со следните награди: осумнаесет – први места, осум – втори места и три – трети места.

© Radio Bravo - Kumanovo