• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Владимир Христов од Здружение за промоција и развој на уметности “Кибер Панк”

Денеска Радио Браво, преку разговорот со Владимир Христов, претседателот на Здружението за промоција и развој на уметности “Кибер Панк”, ве запознава со оваа Здружение кое постои само три месеци, а е формирано со цел за развој на културната свест кај младите во Куманово.

Владимир Христов, претседател на ЗПРУ – Здружение за промоција и развој на уметности “Кибер Панк” од Куманово,  рече дека Здружението има зацртано во својата програма секој месец да се реализира по некој културен настан,т еатарска претстава или изложба. Исто така се планира и филмски фестивал, и тоа четири пати во текот на годината. Екслузивно за Радио Браво,  Владимир го најави  концертот  во НУ Ценатар за Култура “Трајко Прокопиев“ и тоа на на 17 јуни,  во 19:30 часот. Влезот за овој несекојдневен настан е слободен. На концертот кој се предвидува да трае нешто повеќе од два часа ќе настапат групите:  “Обохтал”, “Сиз“, “Кинг оф Псеудо“, а ѕвезда на вечерта ќе биде Damo Suzuki. Сите настани се со цел за развој на културната свест кај младите во Куманово, порача Владимир Христов во интервјуто за Радио Браво, кое што во целост можете да го слушнете и погледнете подолу.


ЗПРУ – Здружение за промоција и развој на уметности “Кибер Панк” од Куманово постои само два месеци а  веќе има организирано неколку настани, меѓу кои и настанот во Уметничката галерија при Музејот од Куманово. Овој мултимедијален настан со повеќе содржини, се одржа на 5-ти јуни. На него, меѓудругото, посетителите можеа да видат концертен  перформанс на бендот “Обохтал” (со Антонио Митевски и Давор Серкиниќ), арт – перформанс “Проба” на актерот Ивица Димитријевиќ и видео – арт презентација на ликовниот уметник Кристина Божурска под наслов “Disguise”. Настанот претставуваше  продолжена соработка на НУ Музеј – Куманово и ЗПРУ “Кибер Панк” од Куманово.


 

© Radio Bravo - Kumanovo