• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Горан Илиќ и Марко Трајковиќ во „Волшебникот од Оз“

Во понеделник, на 21-ви март, во 18:30 часот, во Театар Куманово е закажана премиерата на детската претстава „Волшебникот од Оз“. Претставата е во режија на Бојана Краљевска, а актерската екипа ја сочинуваат: Горан Илиќ, Кети Дончевска Илиќ, Сања Русевска, Александра Михајловска, Мартин Лазаревски и Марко Трајковиќ.

Во студиото на Радио Браво, Горан Илиќ (во улога на Волшебникот) и Марко Трајковиќ (во претставата  го игра Страшилото), говорат за улогите и за претставата на која ја повикуваат и повозрасната структура на посетители и љубители на театарот.

Авантурите на девојчето Дороти, во улога на Сања Русевска, девојче кое залутува во волшебната земја од приказните наречена Оз е добро позната приказна на кумановските љубители на театарот. Сакајќи да се врати дома, по патот што води до големиот волшебник ги запознава своите идни пријатели страшилото, лимениот човек и лавот. Режисерот, заедно со актерската екипа, ќе се обиде на децата да им ја всади важноста од универзалните човечки особини, како што се мудроста, способноста да се сака и храброста.

Повелете на оваа претстава за да откриете дали и како Дороти ќе ги научи овие животни лекции и дали и на кој начин ќе се врати дома. Премиера на кумановската „Волшебникот од Оз“ е закажана за понеделник, на 21-ви март, во 18:30 часот, во Театар Куманово.

© Radio Bravo - Kumanovo