• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Жаклина Стефановска, координатор на изложбата „Жените и фотографијата“

Во чест на Интернационалниот ден на жената, 8-ми Март, и оваа 2019-та година, Фото Клуб Куманово по 6-ти пат ја организира изложбата на уметнички фотографии „Жените и фотографијата 2019“. Изложбата е без котизација, ограничена на учеснички од Република Северна Македонија и нема натпреварувачки карактер. Годинава на изложбата можат да се погледнат 46 фотографии од исто толку авторки од цела Македонија. Фотографиите се направени на две теми, жена и слободна. Учесничките испратија по осум фотографии, по четири на двете теми и од секоја кандитатка, Марина Крстиќ, претседател на Клубот, Александар Драгишевски, секретар, Владимир Јовановски, ментор на бесплатната школа за фотографија и координаторките Сандра Трајковска и Жаклина Стефановска избраа по една.
Во продолжение, можете да го слушнете и погледнете интервјуто со Жаклина Стефановска.


46-те фотографии ќе можат да се видат, освен на 8-ми март, во 19:30 часот кога е свеченото отворање и во следните две седмици во НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ .



 

© Radio Bravo - Kumanovo