• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Жаклина Стефановска со самостојна изложба на Малински Фото Фестивал

Чест ни е да го најавиме овогодинешното, 6-то по ред издание на Малински фото фестивал, кое е во организација на Фото клуб Куманово, а воедно и да Ве поканиме да го збогатите настанот со Вашето присуство.
Програмата која оваа година ќе им биде претставена на Кумановчани, а воедно и на останатите жители од републиката е богата и неизостанува со квалитет, впрочем како и досега. Ќе имамме можност да се дружиме со познати фотографски имиња од Маледонија, Србија, Полска, Турција и др.
Проектот „Малински“ е подржан од Министерството за култура, а воедно е ставен и во програмата на 500 години Куманово, што е од особено значење за клубот и неговото работење.


Официјалното отворање на Фестивалот ќе биде на 25-ти мај (сабота) во 12:00 часот, во НУЦК „Трајко Прокопиев“ со веќе добро познатата меѓуклупска изложба насловена како „Круг“. Оваа година членовите од нашиот клуб ФК Куманово имаа можност да си ги „одмерат силите“ со Фото кино клуб Параќин од Србија, кој важи за еден од позначајните и наградувани клубови во регионот. Фотографиите кои беа испраќани од членовите, беа жирирани од минатогодишниот клуб со кој се натпреваруваше Нашиот клуб, фото клуб „Формат“ од Чачак. Оваа изложба е од натпреварувачки характер и на неа ќе бидат изложени околу пеесетина примени фотографии и ќе се доделат трофеи за прво, второ и трето место, а ќе се доделат и 3 дипломи за „фотографии конкуренти“ за награда.
Последователно по оваа изложба во 12:30 часот ќе биде отворена изложбата наделата од двете најголеми кумановски основни училишта „Кочо Рацин“ и „Крсте Мисирков“. Во реализација на овие фотографии кои ги направија учениците од фото секцијата водена од менторот Марина Крстиќ, беше вклучен скоро целиот клуб. Членовите држеа предавања, фото-сафариа, презентации на учениците, се за нивно покреативно изразување, а чии резултати во дваесетина фотографии, во мал форматќе можете да ги видите во „Домот на културата“. И оваа изложба е од натпреварувачки характер, на учениците ќе им бидат доделени дипломи за прво, второ и трето место.
Програмата продолжува во „Занаетчискиот дом“ со интернационалната изложба „Игра“ (Play), која ќе се отвори во 13:00 часот. Тука јавноста ќе се запознае со околу шеесетина уметнички фотографии, од автори од целиот свет, кои во изминатата година се издвоиле како најдобри во своето поле на фотографирање. Ќе бидат застапени фотографии во 9 теми (слободна колор и монохром, фотожурнализам, жена, патување,природа,живот, улица и минимализам).
Караванот изложби продолжува во Уметничката галерија во 14:00 часот со самостојна изложба на познатиот новосадски фотограф, член на Фото клуб Војводина, Јан Вало. Колекцијата „На патот кон судбината“е насловот од 30 фотографии преку кои Јан ќе ни го претстави неговиот светоглед и емотивните приказни на разни судбини од неговото опкружување, лица кои ги среќавал и со кои комуницирал.
Следна на репертоарот е клупската изложба „Тумба“ чие отоврање е исто во Уметничката галерија во 14:30 часот. Тука ќе имате прилика да ги видитедваесетте фотографии на членовите и курсистите од ФК Куманово. Традиционалноно на оваа изложба ќе бидат и доделени дипломите за завршен курс на овогодинешните курсисти.
Саботната програма ќе заврши со самостојна изложба на членот од Фото клуб Куманово, Жаклина Стефановска во 18:00 часот, во клупските простории. Таму ќе видите 26 дела од авторката во различни тематики, иако преовладуваат сцени од секојдневниот живот сите се на некој начин предизвик за самата авторка. Дружењето обично тука продолжува до доцните вечерни часови.
Ден претходно, во петок 24 мај во 19:00 ч. во Занаетчискиот дом ќе бидат прикажани проекции од најразлични автори: Виктор Налевски од Битола и Сандра Трајковска од Куманово, Македонија, од фотографи од Турција ќе можете да проследите проекции на Мурат Озчелик, Бајрам Ајхан и Селма Демиркол, ќе има и проекција од познатата полска фотографка Малгорзата Колс.
Последниот ден, трет по ред недела, 26 мај, Фестивалот продолжува во 9:00 часот наутро во околината на Крива Паланка со фото сафари и изложба на дела од македонски автори кои ќе бидат во книгата „За македонцката фотографија“ во Музеј на град Крива Паланка, во 12:00 часот, а потоа самостојна изложба на Божидар Барлакоски од Прилеп во Дом на култура во Крива Паланка во 12:30 часот.
Фестивалот свечено ќе биде затворен во манстирот Јоаким Осоговски, чија локација е и дел од предвиденото сафари.


Покровители на Малински фото фестивал: Министерство за култура, Општина Куманово, Општина Крива Паланка, НУ Музеј Куманово, НУЦК „Трајко Прокопиев“-Куманово, Венцодигитал, Паралакс, К-нет и главниот покровител Екстра Меин, производител на сувомеснати производи.

© Radio Bravo - Kumanovo