• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Бобан Пеовски, претседател на ЖРК „Куманово“

Денес во Радио Браво, Бошко Тасиќ направи интервју со Бобан Пеовски, претседател на најуспешниот спортски колектив во Куманово, ако се земе во обзир успесите на сениорската и пионерската екипа која е составена исклучиво од ракометарки кои потекнуваат од сопствената школа, а тоа е Женскиот Ракометен Клуб Куманово.


Со освојувањето на четвртата позиција во домашното првенство, клубот успеа да обезбеди пласман во ЕХФ Челенџ Куп, што е голем успех за сениорската екипа во која играат и младинки и пионерки,а која многумина ја сметаат за исклучително талентирана. Меѓутоа, претседателот изрази длабоко загрижување за претстојниот европски настап, поради финансиските средства кои се потребни за работата на клубот.
-Ги повикуваме сите добронамерници, потенцијални спонзори да помогнат во овој циклус, а воедно апелираме и очекуваме од челните луѓе на општината поправична поделба на финансиските средства предвидени од општинската програма за спорт. Ние сметаме дека оваа генерација на ракометарки е одлична база која само ќе се надополнува од кадетскиот и пионерскиот погон а сите тие го чинат мозаикот кој допрва треба да блесне посјајно на ракометна сцена – апелира Пеовски.
zrk kumanovo seniori
По освојување на второто место во државното првенство, пионерската екипа на ЖРК Куманово достојно го промовираа ракометот на нашиот град и нашата држава на еден од најпознатите европски турнири во оваа категорија во Бар, Црна Гора, каде го освоија третото место. Сите во стручниот штаб се задоволни од прикажаното на овој турнир кој што е еден од најсилните во Европа во оваа категорија на ракометарки.
zrk kumanovo kadeti

© Radio Bravo - Kumanovo