• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Radio Bravo 88,5 Mhz play Now On Air view:     Bravo Blues&Jazz play Now On Air view:

Lady Gaga & Bradley Cooper – A Star Is Born (Албум на годината)

И на почетокот на оваа 2019 година, редно е да го прогласиме и најдобриот албум за минатата 2018-та година. Тоа е  еден албум односно саундтрак од еден филм. Тоа ретко ни се случува, но ретко се случува и да се појави еден така добар филм.  Филмот се вика “A Star Is Born”  инаку римејк на истоимениот филм од 1937-мата, музичко романтична драма која ја раскажува приказната за музичарот алкохоличар кој го глуми Bradley Cooper како ја запознава младата и талентирана пеачка, која ја игра Lady Gaga. Филмот е режисерски првенец за Bradley Cooper. Да потсетам дека и песната со која започнува филмот кој е и еден од главните кандидати за освојување на Оскарите во повеќе категории, песната Black Eyes беше и ваш избор за најдобра песна во 2018-та година. Значи во 16 часот, уште еднаш преслушајте го албумот на годината, саундтракот од филмот A Star Is Born.


Албумот со филмска музика излезе на пазарот на 5 октомври 2018 година, трае 70 минути и содржи 19 песни плу 15 дијалози од филмот и беше одлично примен од публиката и критичарите, всушност за тоа зборуваат и првите места на албумските листи во САД, Велика Британија,  Ирска, Канада, Чешка и Шкотска.


И за крај,  A Star Is Born и филмот и soundtrack-от е едно патување низ љубовната приказна испреплетена со вистинските животни мотиви, болни вистини, добри и лоши страни на љубовта. Качувањата и паѓањата на двете големи кариери и таленти. Тоа е приказна која истовремено ја враќа вербата во сродните души и во исто време го крши самошто залеченото срце. Погледнете го филмот задолжително.


© Radio Bravo - Kumanovo