• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

White Lies – Five (Албум на неделата)

Добредојдовте во најновото издание на Album Of The Week, добредојдовте во уште една епизода во која ке преслушаме еден цел албум на некој светски познат музичар или група. Овој пат тоа ке бида група и тоа една англиска пост-панк група од Ealing, London, која најпрвин се викала Fear of Flying, а потоа White Lies. WhiteL ies е трочлен бенд составен од Harry McVeigh како водечки вокал и гитара, Charles Cave на бас гитара и пратечки вокали и Jack Lawrence Brown на тапани. White Lies на музичката сцена дебитираа во јануари од 2009-тата со албумот To Lose My Life… и со него стигнаа до местото број 1 на албумската топ листа во Велика Британија, потоа следеа Ritual во јануари од 2011-тата, Big TV во август од 2013-тата, Friends во октомври од 2016-тата и нашата денешна тема, албумот Five кој излезе на 1 февруари 2019-тата во винилно издание, како ЦД и достапно и за превземање и streaming.


Точно 10 години поминаа од албумот првенец на WhiteLies и тие повторно се вратија со студиско издание, албумот Five, петиот нивен по ред и кога би требало во неколку зборови да се опише што се има случено во тие 10 години со бендот и музиката што ја правеа, најлесно би кажал – ништо посебно. Групата и понатаму инспирацијата ја црпи од 80-тите години од минатиот век и од групите како што се Joy Division, The Cure, Depeche Mode и слични на нив, а позајмуваат и од поновите како што се Editors и The Killers. Но велат дека кога паѓаш надоле единственото што може да ти се случи е да паднеш и потоа да почнеш да се качуваш. Токму тоа се случи и со White Lies бидејки албумот Five е онаа најдоброто што им се има случено и што го имаат направено од првиот албум во кариерата.


Сите песни на албумотFive наWhiteLies се со лесно и средно темпо и со карактер на химни, но можеби со недостаток на онаа радиофоничност со која албумот би се качил на првите места на топ листите и кај слушателите. Неколку рефрени се неодоливи, слатки како мед, сосема доволни предиспозиции за да се одработи една голема светска турнеја во која ке ги слушнеме и старите песни. Таа турнеја веќе започна со почетокот на март од Полска и продолжува преку цела Европа, најблиску до нас на 10 март во Загреб во Хрватска, па преку Велика Британија и Ирска, а на почетокот на мај и преку атлантикот во САД и Мексико.


Формулата на албумот Five наWhite Lies едноставно и лесно може да се разбере на секоја од песните содржани во него. Да се направи нешто, било што, што потсетува на една од златните епохи на британската музика, бидејки тој дел и не е толку важен и да се фокусира максимално на што поубав и подобар рефрен, бидејки токму рефрените ја продаваат песната. Како епилог оваа формула во поголемиот дел од албумот функционира и прави успех далеку подобар од изминатите три студиски албуми. За фановите на White Lies верувам дека Five ќе биде ремек дело, а за сите останати оваа е солиден албум кој може да застане рамо до рамо со нивниот првенец во кариерата.

© Radio Bravo - Kumanovo