• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Kasabian – For Crying Out Loud (Албум на неделата)

За оваа издание на емисијата “Album Of The Week” ви го одбравме 6-тиот по ред студиски албум на англиската инди рок група Kasabian, насловен “For Crying Out Loud“.

Нo, ајде на почеток нешто малку за бендот. Kasabian се англичани од Лиечестер и се собираат во 1997-та година. Првиот албум го објавуваат дури во 2004-тата со исто име како и групата, потоа следат “Empire” во 2006-тата, “West Ryder Pauper Lunatic Asylum” во 2009-тата, “Velociraptor!” во 2011-тата, “48:13” во 2014-тата и еве по 3 години “For Crying Out Loud“.


Crying Out Loud“.

“For Crying Out Loud“ е издаден официјално на 5-ти мај 2017-та година преку издавачката куќа Columbia Records, а датумот беше поместен за една седмица од претходно објавениот, најверојатно поради појавувањето на најновиот албум на  Gorillaz  и несакањето во првата седмица да се спротивстават на толку големо име. Но тоа е само претпоставка, било како било, албумот во првата седмица од објавувањето беше продаден во тираж од 52 000 примерока во Велика Британија и со тоа стана 5-тиот последователен број 1 на албумската листа на островот за Kasabian.


Комплетниот албум ја има онаа типична фестивалска енергија и додека го слушате ви се посакува да заиграте, особено ако сте помлад или можеби ако за прв пат ја слушате оваа група. Нумерите се воглавно побрзи во темпо, со интересни рефрени и пулсирачки тапани, испрепрлетени со силни на моменти експлозивни  гитарски рифови. На некој може сето тоа да му делува веќе слушнато, а особено ако ги следи Kasabian и му е жал за првите мегахитови. Но тенка е линијата помеѓу едноставното и досадното и тоа е индивидуален избор.

© Radio Bravo - Kumanovo