• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Bon Jovi – This House Is Not For Sale (Албум на неделата)

Добредојдовте во најновото издание на емисијата Album of the Week. Во оваа епизода ке преслушаме еден албум на еден, слободно може да се каже, стар американски рокер кој со својот бенд е на сцената од 1983-тата, а се вика Jon Bon Jovi, a неговата група Bon Jovi.

Многумина го сакаат, многумина не, многумина ги ценат неговите песни, многумина велат за нив дека се патетични, но сите се сложуваат дека сепак тој цврсто стои на светската музичка сцена многу години. Пред нас е неговиот 13-ти студиски албум под име “This House Is Not For Sale”.



Уште на 18-ти ноември 2014-тата во интервју со Pierre Robert од WMMR-FM радиото од Филаделфија Jon BonJ ovi потврди дека започнал со пишувањето на песните за нивниот најнов албум, за кој кажа дека ќе го снима во текот на 2015-тата, а ке излезе на пазарот во 2016-тата. Тој исто така потврди и дека долгогодишниот гитарист на групата, Richie Sambora дефинитивно ги напушта и дека имаат замена за него. Тринаесетиот по ред албум “This House Is Not For Sale” е дело со само неколку важни влезни параметри и само со еден излезен. Првите се фактите дека Ричи Самбора повторно ја напушти групата и дека вратата му е повторно отворена кога и да посака да се врати и вториот дека басистот Hugh McDonlad по долги 23 години упорна и лојална работа конечно го доби статусот на постојан член на бендот, исто како и новиот гитарист Phil X (PhilipE ric Xenidis).
А излезниот параметар…. можеби дека оваа е ултимативен Bon Jovi албум во кој не се нафатил да експериментира и не се реши да влезе во електронските води.



Самиот Jovi вели дека овој албум е за интегритетот, бидејки во текот на снимањето па се до издавањето во ноември од 2016-тата, му се изнаслучи се и сешто. Од заминувањето на гитаристот Самбора, раскинувањето на долгогодишниот договор со издавачот, па се до обидот да ги купи Бафало Билс. Поголемиот дел од албумот и песните се и понатаму за широките светски народни маси и знаете која и да слушнете – дека е на Bon Jovi и тој статус најверојатно ниту по 40-тиот албум нема кој да им го одземе, бидејки иако стандардни, тие сепак се препознатливи.

© Radio Bravo - Kumanovo