• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Weezer – Weezer (Black Album) – Албум на неделата

Оваа издание на Album Of The Week или Албум на неделата, го посветуваме на студиското дело на една група која постои од 1992 година. Се викаат Weezer, живеат и работат во Лос Анѓелес, на број се четворица и тоа Rivers Cuomo како водечки вокал, гитара и клавијатури, Patrick Wilson на тапани, Brian Bell на гитара и клавијатури и Scott Shriner на бас гитара. Досега имаат објавено 13 студиски албуми, од кои 6 ги имаат насловено според името на групата и некоја од боите кои постојат. Така да на почетокот во 1994-тата го објавија својот Син албум, во 2001-вата Зелениот, во 2008-та Црвениот, во 2016-тата Белиот, на почетокот на 2019-тата Тиркизниот кој е всушност албум од нивни ремикс песни и нешто друго, кој според мене и не беше потребно воопшто да се издава и нашата денешна тема е нивниот 13-ти по ред студиски албум наречен како Црн.


Кога беше најавен новиот албум на Weezer и тоа дека ке го продуцира David Andrew Sitek, познат по неговата музичка и продуцентска работа со групата TV on the Radio. Многумина очекуваа дека оваа комбинација ке донесе нешто сосема ново, интересно и пред се впечатливо, бидејки Sitek сака да се игра со новите звуци, а групата Weezer во изминатиот период беше во креативна криза. Конечниот резултат на Црниот албум тоа го докажува, добар е но секако можел да биде и подобар.


Од материјалот на албумот може да констатирам дека многу стари фанови на бендот сигурно ке ја изгубат надежта дека повторно ке ги слушаат старите Weezer. Доколку истите фанови го преживеат преслушувањето на првиот дел од албумот и стигнат до вториот каде доминираат песните по кои се препознатливи овие момци, тогаш тие дефинитивно ке им дадат шанса. Но генерално на целиот материјал има за секого по нешто, за новите и помладите првиот дел со многу нов и интересен звук, а за оние постарите вториот дел со класичните поп нумери.


Можеби “Weezer (Black Album)” и не е најдобриот албум на момците од Лос Анѓелес со исто име, но мислам дека не е на дното на нивната дискографија и секако е подобар од “Pacific Daydreama” и “Weezer (TealAlbum)”. Сепак Weezer долго време ке биде запаметен како бенд кој со леснотија генерираше power-pop хитови, а по овој албум можеби ке успее со новиот звук да привлече некои нови генерации кои ке ги заменат старите фанови, а можеби и нема…. ке видиме.

© Radio Bravo - Kumanovo