• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Sting – 57th & 9th (Албум на неделата)

Овој пат терминот на “Album Of The Week” ќе му го посветиме на 12-тото соло студиско дело на музичарот роден во 1951-та како Gordon Matthew Thomas Sumner, а на музичката сцена познат како Sting. Тој негов 12-ти по ред студиски албум се вика “57th & 9th” и по цели 13 години е прв рок албум, кој во своето стандардно издание содржи 10 нумери, а во делукс верзијата има и дополнителни 3 бонус песни, или поточно кажано, една песна и две верзии на песни од стандардната верзија.


Листа на песни:

  1. I Can’t Stop Thinking About You
  2. 50 000
  3. Down, Down, Down
  4. OneFine Day
  5. Petrol Head
  6. Pretty Young Soldier
  7. Next to You

Sting е ветеран со преминати 65 години од животот, но звучи како да е 30-тина години помлад и ако ги игнорираме оние стереотипни мислења околу староста и постарите, тогаш за него можеме слободно да кажеме дека звучи како да има што да каже уште и дека ке пукне ако не го каже. Сите теми од албумот се облеани со рок, гитари и звук, факт што говори дека на рок музиката и недостасуваше Sting и дека на Sting му недостасуваше рок музиката. А тоа дека и на Македонија и недостасуваше Sting, најдобро говори фактот што концертот на 15 октомври 2017-тата во Борис Трајковски во Скопје беше распродаден за само 1 ден, нешто што се нема случено во нашата држава и дека многу луѓе одтука ке одат на неговите концерти во регионот затоа што неможеа да најдат билети за Скопје.


И за крај албумот “57th & 9th” на Sting е дело со глава и опашка, комплетен, со авторски потпис и енергија за настапите во живо.

© Radio Bravo - Kumanovo