• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Muse – Simulation Theory (Албум на неделата)

Добредојдовте во Album of the week.Во оваа издание ке го преслушаме албумот “Simulation Theory” на англиската рок група Muse. Инаку Museе формирана во 1994-тата година и е составена од Matt Bellamyкако пеач, гитарист и клавијатурист, Chris Wolstenholmeна бас гитара и Dominic Howard на тапани. Во досегашната кариера имаат издадено 7 албуми, а овој им е осми по ред и за нив имаат добиено многу награди, вклучувајки ги тука и 2-те Греми награди, 2-те Брит Награди, 5-те MTV Europe Music Awards и 8-те NME Awards, во 2012-тата добија и IvorNovelloAward за интернационален придонес од британската академија на текстописци, композитори и автори. Досега имаат продадено над 20 милиони албуми ширум светот. Се на се Muse се позиционираа како една од најголемите рок атракции во светот во последните неколку години и тоа пред се со помрачни теми со многу допадливи синглови и така стигаме до 8-миот албум “Simulation Theory”.



Преслушувајки го албумот “Simulation Theory” на Muse може да констатираме дека во тој нов synth-rock звук можеби се има изгубено онаа основна работа во музиката – песната. Изгледа дека премногу внимание е посветено на продукцијата и тоа ги однело многуте елементи поради кои многумина ги сакаат Muse. Но албумот има и свои позитивни моменти, но сепак како целина е малку потешко да се слуша, можеби е подобро да се бара одредена песна која ви се допаѓа како сингл, а тоа ке стане лесно, бидејки е најавено дека сите песни ке добијат свој видео спот.


И за крај, тешко е да се остане објективен и да се кажат вистинските зборови по преслушување на албумот “Simulation Theory” на Muse. Јасно е дека групата има нови идеи, но можеби незнае веќе да ги презентира како порано. Најсилните синглови сигурно ке стигнат до саканата публика, но еден дел од песните ке бидат заборавени. Пред 10-тина години групата најави дека нема да издава албуми туку само синглови, можеби така ке беше и подобро. Искрено да ги селектираа само “Something Human”, “Pressure” и “The Dark Side” како синглови, се би имало повеќе смисол. Но и покрај тоа славата на албумот и бендот ке остане на високо ниво. Нивните песни и понатаму ке се слушаат и ке бидат изведувани на турнеите и концертите, а нивните фанови и понатаму ке ги сакаат.

© Radio Bravo - Kumanovo