• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

The Chemical Brothers – No Geography (Албум на неделата)

Оваа издание на емисијата Album Of The Week ќе го посветиме на еден дует кој всушност е еден од најдолговечните британски денс состави досега, The Chemical Brothers и нивниот 9-ти по ред студиски албум наречен No Geography. Но, на почеток малку повеќе за нив. The Chemical Brothers се британско електронско дуо составено од Thomas Owen Mostyn ‘Tom’ Rowlands и Edmund John ‘Ed’ Simons (понекогаш нарекувани како Chemical Tom и Chemical Ed). Познати по нивите живи сетови, тие се пионери на биг-бит електронскиот звук, жанрот кој постигна огромна популарност на почетокот на 90-тите. Музичката јавност ги препознава со издавањето на нивниот втор студиски албум Did Your Own Hole кој стигна до врвот на Британската албумска топ листа во 1997 година, а токму во Велика Британија имаат досега 6 број еден албуми и 13 Топ дваесет синглови од кои 2 сингла на местото број еден.


Албумот содржи 10 песни кои ги одбележува лесно препознатливиот електронски звук исполнет со силни, звучни битови и голема доза на психоделија. За целата мистична атмосфера допринесува и вокалот на норвешката пеачка Аурора. Албумот No Geography на The Chemical Brothers е еден вид на враќање на стариот звук на дуетот бидејки ‘Tom’ Rowlands и ‘Ed’ Simons во 30-те години колку што работат заедно, навистина имаат имплементирано различни жанрови во својата дискографија. Соработките пак во однос на некои нивни претходни издание се далеку помалку, но тоа не се одразило на квалитетот на музиката. Веќе ја споменав норвешката пеачка Аурора, а тука е и јапонската раперка Нене, со што можеби целиот материјал го има одведено во некој екцентричен правец.


Албумот No Geography официјално излезе на 12 април 2019 година, а името е инспирирано од поемата No Geography на поетот Michael Brownstein од New York. 10-Те песни колку што ги има на 9-тиот студиски албум на The Chemical Brothers, No Geography се некако поделени во два дела, првиот и вториот дел од албумот. Нешто слично на DJ сетовите на живите настапи. Почетокот за загревање и запознавање и вториот за танцување и уживање.


Албумот No Geography можеби не е најбрилијантното дело на оваа британско дуо, но секако е материјал достоен за слушање и за освојување на електронските фестивали ширум светот. Бидејки секако токму такви настани се најдоброто место за да се покаже силата на вакви музички жанрови. Фактот дека токму со оваа албумско издание Chemical Brothers заработија неколку номинации за Греми наградите говори дека можеби дојде време вистинскиот ретро електронски звук да започне да го добива вистинското место во музичката индустрија.

© Radio Bravo - Kumanovo