• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Courtney Marie Andrews – Honest Life (Албум на неделата)

Добредојдовте во ованеделното преслушување на албуми. Во оваа издание ке бидеме во друштво на една млада кантавторка од Феникс, Аризона, родена во 1990-тата година под име Courtney Marie Andrews. Таа е кантавторка со гитара, нешто што често може да се види, но таа е автор со интегритет и желба за творење, тоа го докажуваат дури 6-те албуми зад неа, од кои 6-тиот и последниот е наша денешна тема. Се вика “Honest Life” и песните од него се напишани или се започнати за време на 4 месечниот престој во Белгија, каде Courtney свирела гитара и пеела заедно со белгиската ѕвезда Millow. Снимен е воСиетлвоLithoСтудиото под раководство на музичкиот инжинер Floyd Reitsma и е објавен во САД на 19 август 2016-та, а во Европа и Велика Британија пак на 20-ти јануари од 2017-тата година.


Албумот “Honest Life” на Courtney Marie Andrews го има кантри правецот во прв план, и вокално и звучно. Тоа нешто допринесува оваа музичко дело да е и интимно и комерцијално. Освен квалитетната пишувачка вештина, која се приметува на секоја од песните, Courtney Marie има и завидни продукциски способности, бидејки поголемиот дел од продукцијата ја има одработено самата и со тоа овој албум може да се смета за авторски. Текстовите во песните се приказни на други луѓе, првенствено на оние кои музичарката ги запознавала за време кога била келнерка. Доста се едноставни и директни и токму тоа ги прави привлечни. Лишени се од фигуративност и претерување па всушност се кратки приказни дополнети со музика во фолк и кантри аранжман.


Албумот “Honest Life”малку но сосема доволно ја раздрма американската кантавторска сцена и ја разоткри Courtney Marie Andrews како млада музичарка која ја носи свежината и призвукот на некои други времиња и покажува колку добрата музика е воглавном едноставна. За крај препорака да го преслушате овој албум.

© Radio Bravo - Kumanovo