• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Franz Ferdinand – Always Ascending (Албум на неделата)

Добредојдовте во Албум на неделата. Оваа издание ке го посветиме на албумот “Always Ascending” на шкотската инди рок групата Franz Ferdinand.

Franz Ferdinand, формирана во Глазгов, 2001-та година, од Alex Kapranos како водечки вокал, гитара и клавијатури, Nick McCarthy, ритам гитара, исто така клавијатури и пратечки вокали, BobHardy – бас гитара и Paul Thomson на тапани, удиралки и пратечки вокали. Подоцна, односно во 2017-тата им се приклучуваат Julian Corrie и Dino Bardot како замена за McCarthy кој си замина од бендот. Инаку, група која има неколку синглови со Топ 20 пласмани во Британија, неколку номинации за Grammy наградите, 2 добиени Brit Awards – од кои едната е во категодријата Best British Group, а исто така имаат и една NME награда.


Franz Ferdinand се вратија на светската музичка сцена со албум, прв по дури пет години пауза, период во кој некако влета онаа интересна или можеби откачена соработка со американските колеги Sparks и проектот “FFS”, скратено од Franz Ferdinand и Sparks. Но, што се има случено во тие 5 години, зависи од точката на гледање. Можеби најважната работа поврзана со нив е токму заминувањето на Nick McCarthy. Наводно тој всушност нема кажано збогум, туку довидување, но тоа е негова лична работа. На неговото место дојдоа дури двајца нови музичари, со што мислам дека дојде до освежување на звукот на овој бенд.


“Always Ascending” е класичен албум на Franz Ferdinand со изглед и форма на кој се имаме навикнато, со таа разлика што препознатливиот ритам е заменет со посилни синтисајзерски нијанси, а познавачите на оваа група можеби ке се сложат со теоријата дека всушност оваа требаше да се направи наместо третиот албум “Tonight: Franz Ferdinand” на кој дефинитивно претераа со електронското експериментирање. Помрднувањето на напред на албумот “Always Ascending” на Franz Ferdinand е можеби и поради искуството стекнато со соработката со Sparks во проектот “FFS” и добро е што овие момци престанаа од рециклирањето на самите себе до недоглед, па на новиот албум додадоа некои нови идеи и видувања на музиката, но сепак мислам дека на него недостасуваат интересни песни, нумери кои би можеле да ги вратат на позициите од пред десетина и повеќе години.


Кога се појавија на музичката сцена Franz Ferdinand беа вистинско освежување бидејки понудија денс-рок звук, кој истовремено беше и уметност и музика достапна за широките маси. Сега, петнаесетина години подоцна, дефинитивно групата треба повторно да се пронајде самата себе, треба да останат свои, но сепак да пробаат нешто ново. Генерално работат на тоа и на овој албум, но сепак недостасува онаа нервоза и хитовите што ги имаа. Оваа е можеби малку возбудлив

© Radio Bravo - Kumanovo