• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Julie Byrne – Not Even Happiness (Албум на неделата)

Julie Byrne е американска кантавторка, пејачка, текстописец и гитарист од градот Бафало која досега има објавено два соло студиски албума, едниот оној дебитантскиот во 2014-тата под име “Rooms With Walls and Windows” и вториот, “Not Even Happiness” во 2017-тата.

Токму тој втор албум е наша тема за оваа седмица.


Приказната за фолк музичарите од Америка секој ден добива нови продолжетоци. Не е нужно да се бараат причини зошто тоа е така, но фактот дека фолк музиката ( не онаа нашата туку светската, поточно американската) и кантавторската сцена енормно се развива посебно во САД. Специфичност во тој факт е дека тоа се воглавно млади девојки кои негуваат едноставен израз, во некој случај со примеси на country или blues, се тоа како каследство на фолк хероините Judee Sill, Emmylou Harris, Joan Baez  и Vashti Bunyan.

Julie Byrne најмногу подсетува на Bunyan, со својот глас но и со пишувањето. Текстовите во нејзините песни се воглавно интимни, љубовни, едноставни  со изразени референци кон природата. Кај оваа музичарка едноставноста е клучната работа. Тоа сакала да го изрази и на овој албум, на што упатува насловната страна на албумот на кој е црно-белиот портрет на Julie со затворени очи.


Албумот “Not Even Happiness” е некако полн со свежина од почеток до крај. Делото е створено за слушање за време на долги прошетки низ природата, исто како и за уживање во сопствените четири ѕида. Прозрачноста на гласот на Julie Byrne ке ве затекне и хипнотизира со првите тонови и ке ве потсети на големите музичари во нивните почетоци.

© Radio Bravo - Kumanovo