• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Dirty Heads – Vacation (Браво Хит)

Средина на месецот јули, шпиц е на сезоната на годишните одмори. За сите оние кои се уште се на своите работни места, Радио Браво во следната седмица им нуди, барем на неколку минути, секој парен час, да ги почуствуваат благодетите на летните одмори со песна која е Браво Хит No.1 до следната недела. Станува збор за песна на американците Dirty Heads, со реге звук и вистински наслов за овој период од годината, “Vacation“. Инаку “Vacation” е прв сингл од претстојниот 6-ти студиски албум и ќе биде насловна тема на најновото студиско дело на Dirty Heads.

 

© Radio Bravo - Kumanovo