• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Robbie Williams – Party Like A Russian (Браво Хит)

Со провокативен текст и уште попровокатвен видео-спот, Robbie Williams со “Party Like A Russian” ја раздвижи светската, не само музичка сцена. И слушателите на Радио Браво реагираа на оваа провокација, па така откако изминатава седмица беше Премиера Хит, од денес, па во следните седум дена, ќе можете да ја слушате “Party Like A Russian” на 88,5 Mhz на почетокот на секој час како Браво Хит.

Во видеото за “Party Like A Russian”, Robbie Williamsтој ги исмева руските олигарси, нивните веселби и забава. Позадината на музиката е „Танцот на витези“ на Сергеј Прокофјев од балетот „Ромео и Јулија“. Во видеото танцуваат голи балерини, а на масата пред пејачот има руски печива, овес и јајца.

Инаку, Robbie Williams Robbie Williams откри дека морал да ги поедностави танцовите чекори, откако му бил дијагностициран артритис.
– Јас имам артритис, па не можам да удирам ни топка. Тетивите се многу ослабени, а играм како пијан татко на венчавка, се пожали тој во интервју за „Евенинг Стандард“. Тој призна дека во животот многу од тоа променил по дијагнозата, а најтешко му било да се откаже од неговата најголема љубов, фудбалот и танцот. Пред девет години тој беше на одвикнување од кокаин, хероин и други дроги, но тој призна дека и денес се бори против нив.

© Radio Bravo - Kumanovo