• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Zayn – Let Me (Браво Хит)

Поранешниот член на One Direction, Zayn Malik, минатата седмица го реализира својот најнов сингл “Let Me“, со кој го најавува својот втор студиски албум во неговата соло кариера. За “Let Me”, самиот Zayn вели дека идејата е стара седум, осум месеци и дека е задоволен од тоа како звучи песната. Впрочем, слушнете што мисли за песната Zayn Malik од неговото телефонско јавување…


А за албумот, чиј наслов и датумот на излегување се уште го држи во тајност, Zayn Malik вели: „Се обидувам да го задржам мистериозно.Тој ќе биде различен од било што, што некој го направил порано, не мислам дека некој го сторил тоа на овој начин. Значи ќе биде интересно да се види како публиката ќе реагира.Сакав да пробам нешто поинакво“. Во продолжение, слушнете го мислењето на Zayn Malik за албумот што со нетрпение го исчекуваме…


Само на фрекфенцијата на Радио Браво, следните седум дена ќе можете да го слушате најновиот сингл на Zayn Malik, кој по „премиерата“ во петокот, од денес е Браво Хит No.1 на вашето омилено радио, Радио Браво.


© Radio Bravo - Kumanovo